Фото: Принтскрин
Хрватски борбен авион „Рафал“ пресретна патнички „Боинг“ што летал од Грција кон Германија, откако неговиот транспондер го емитувал кодот 7500, меѓународен сигнал што укажува на можно киднапирање на авион.
Интервенцијата се случила на 13 октомври, откако командниот систем на НАТО го означил леталото како можна безбедносна закана и наредил негово пресретнување. Според хрватското Министерство за одбрана, „Рафалот“ го пресретнал авионот во 11:02 часот
Кодот 7500 е меѓународно договорен сигнал што екипажот може да го испрати преку транспондерот кога се соочува со киднапирање или незаконско преземање на контролата врз авионот.
