Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека просечната плата во Македонија до 2028 година би можела да достигне до 1.000 евра.
„Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари, со годишен раст од 7,1 процент. Целта на оваа Влада е до крајот на мандатот да стигнеме до просечна плата од 1.000 евра“, вели Мицкоски.
Минималецот во Македонија, сепак, во моментов изнесува 26.046 денари нето.
