Фото: Принтскрин
Саудиска Арабија објави дека „неидентификуван проектил“ повторно го погодил меѓународниот аеродром „крал Халид“ во Ријад.
Станува збор за истата локација која беше мета на синоќешниот напад во кој загинаа 12 лица, а над 300 беа повредени.
Проектилот го погодил Терминалот 4, по што избувнал пожар кој го гаснат пожарникари, а на терен се испратени и другите служби.
