Македонските борачи остварија одличен успех на Светските игри во борење, освојувајќи вкупно три медали – еден златен и два бронзени. Најсветло одличје освои Леа Стојковска, додека Марко Топузовски и Елвир Бајрами се закитија со бронзени медали.
Стојковска се искачи на највисокото место на победничкиот подиум во категоријата до 56 килограми, освојувајќи го златниот медал.
Бронзен медал освои Марко Топузовски во категоријата до 100 килограми, додека Елвир Бајрами се закити со бронза во категоријата до 60 килограми.
Димитар Качурков, кој настапи во категоријата до 70 килограми, овојпат не успеа да стигне до пласман.
Македонската делегација на натпреварувањето ја предводеа тренерот д-р Страшо Глигоров и тим-лидерот Ѓорѓи Глигоров.
