Семејството на музичарот Филип Нуневски – Нуне наскоро ќе стане побогато за уште еден член. Среќната вест ја споделија со јавноста на несекојдневен и емотивен начин, откривајќи дека го очекуваат своето второ дете.
Мими Јовановска, која публиката ја запозна преку регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, објави слатко видео во кое заедно со сопругот и нивниот син Никола го споделува овој посебен момент.
Во видеото снимено во градина, семејството го открива и полот на бебето. Додека Мими е свртена со грбот, Филип и нивниот син Никола го дознаваат резултатот, по што малото момче ѝ носи букет цвеќе на својата мајка.
Сината боја го откри најубавото изненадување – Мими и Филип повторно очекуваат момче, а малиот Никола наскоро ќе добие братче!
„Три срца кои наскоро ќе бидат четири“, напиша пејачката покрај видеото, споделувајќи ја семејната среќа со своите следбеници.
Оваа објава предизвика внимание на социјалните мрежи, а семејството со нетрпение го очекува доаѓањето на новиот член.
