Зимското сметање на времето започнува на 25 октомври, кога граѓаните повторно ќе треба да ги приспособат часовниците. Според утврдениот распоред, во три часот по полноќ стрелките ќе се вратат еден час наназад, односно на два часот.
Промената на времето ќе продолжи и во текот на следната година. Летното сметање на времето во 2027 година е предвидено да започне на 28 март, додека враќањето на зимското сметање е планирано за 31 октомври.
Иако календарот на промените е утврден според актуелните правила, тоа не значи дека практиката нужно ќе продолжи до 2031 година. Доколку Европската Унија во меѓувреме донесе нови прописи, можно е сезонското поместување на часовникот да биде укинато и порано.
Идејата за прекинување на оваа практика не е нова. Дел од земјите членки на Европската Унија подолго време се залагаат за укинување на летното и зимското сметање на времето. Европскиот парламент во 2019 година поддржа предлог за прекин на сезонското менување на часовникот, со првично планирана примена од 2021 година.
Сепак, иницијативата не беше спроведена според првичниот план, бидејќи земјите членки не постигнаа согласност за тоа дали како трајно решение треба да се задржи летното или зимското време.
Во меѓувреме, остануваат да важат постојните правила, кои се применуваат и во Македонија. Летното сметање на времето започнува во последниот викенд од март, кога часовникот се поместува еден час нанапред, додека зимското сметање почнува во последниот викенд од октомври, кога стрелките се враќаат еден час наназад.
Веста ја пренесува Plusinfo.mk
