Земјотрес со магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Преспа.
Земјотресниот потрес бил регистриран во 14:04 часот, а според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, неговиот епицентар се наоѓал на приближно 127 километри југозападно од главниот град.
Потресот бил почувствуван во повеќе места во југозападниот дел на земјата. Најизразено бил почувствуван во Битола и околните населени места, каде што интензитетот бил проценет на III до IV степен според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
