Трагичен настан се случил во пределот под Солунска Глава, каде силен удар од гром усмртил 95 овци. Животните биле дел од големо стадо кое броело околу 1.200 грла.
Според првичните информации, невремето го зафатило подрачјето додека стадото се наоѓало на планинскиот терен. Громот предизвикал голема загуба за сопствениците, кои останале без значителен број животни.
Настанот повторно ја покажува опасноста од силните временски непогоди во планинските предели, особено за сточарите и нивните стада кои во овој период престојуваат на отворен простор.
Веста ја пренесува 4news.mk
