Три лица од Македонија, меѓу кои и две деца, го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случила на словенечкиот автопат А1, во близина на Унец.
Според официјалните информации доставени до македонската амбасада во Љубљана од словенечката полиција, во несреќата починале едно полнолетно и две малолетни лица, сите македонски државјани.
Се работи за 11-годишно момче, 4 годишно девојче како и постара жена (74) години. Сите се од подрачјето на Дебар и Центар Жупа.
Во возилото имало уште две лица, исто така државјани на Македонија, кои биле повредени во несреќата.
Со случајот се занимаваат надлежните полициски служби во Копер, кои ги утврдуваат околностите под кои дошло до трагичниот настан.
Од Министерството за надворешни работи информираат дека Амбасадата на Македонија во Љубљана е во постојан контакт со словенечките институции и внимателно го следи текот на постапката.
Дополнителни информации за несреќата се очекуваат по завршувањето на истрагата на надлежните органи.
Веста ја пренесува Kurir.mk

