Избувна пожар на депонија кај Кавадарци, каде што се пристигнати ДЗС, противпожарни екипи и друга механизација со која се обидуваат да го неутрализираат огнот.
„Огнот од депонијата излезе надвор и ја зафати околната сува вегетација, но тука се пожарникарите кои се обидуваат да воспостават контрола“, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.



