Фото: Принтскрин
Скопје вчера беше погодено од страшно невреме кое предизвика големи материјални штети, а притоа има и повредени лица.
Сепак, во невремето еден возач направил херојски потег за кој пишува скопјанката Далиборка.
„Јас се зезав со ЈСП, ама во маката навистина се познаваат јунаците! На Битпазар нè зафати страшно невреме – летаа парчиња од зградата директно во автобусот (65 за Раштак), дрва паѓаа на сите страни… Но, шоферот остана смирен и прибран! Не само што не однесе на сигурно во гаражата во Автокоманда, туку почека да помине најлошото и потоа нè однесе сите безбедно до дома – не нè истовари на немилост на временските непогоди. Огромно БРАВО и длабока почит за овој ЧОВЕК! Светот има потреба од повеќе вакви професионалци и луѓе со срце. Бaраме повеќе вакви херои“, објави таа.

