Фото: Принтскрин
По информациите дека функционери на ВЛЕН не биле пуштени да влезат во Албанија следеше реакција од полицијата.
Албанските власти информираат дека не ги спречиле тројцата функционери да влезат во Албанија, туку пречката била за четврто лице кое било со нив.
„На граничниот премин Ќафасан се појавија четири државјани со намера да ја поминат границата. Тројца имаа и дипломатски пасоши и им беше кажано дека можат да продолжат со патување, но едно лице имаше законски пречки за влез. Поради тоа, тие не го прифатија патувањето понатаму и се вратија во Македонија“, информира генералниот директор на албанската полиција, Скендер Хита.
