Фото: Vladimir Makedon Dimitrovski
Македонското чудо од дете Македон Димитровски освои златен медал на индивидуалниот натпревар „Математика без граници“ во Несебар, Бугарија.
Македон оствари неколку големи успеси, како златен медал на натпреварувањето, прво место – победник на Купот, Математичка ѕвезда на турнирот и апсолутен победник на Купот на градоначалникот на Несебар.
Исто така, сребрен медал на меѓународниот натпревар по алгебра „Ludovico Ferrari“ и бронзен екипен медал.
„Овие резултати не се случајност. Тие се плод на огромна љубов кон математиката, безброј часови работа, истрајност и желба секој ден да се биде подобар од вчера“, објави неговиот татко Владимир.
