Фото: Ѓоко Велковски
Новиот министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски по втор пат стана татко, а прекрасната вест ја сподели на социјалните мрежи.
„Со особена радост сакам да споделам дека вчера, станав татко по втор пат. Михаил доби братче. Нашето семејство е побогато за уште еден син. Благодарност до мојата сопруга Билјана за љубовта, трпението и силата. Му благодариме на Бог за овој благослов“, објави Велковски.
