Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека е пронајдено починато 24-годишно момче во семејниот дом.
„На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми“, соопшти МВР.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
