Доколку оваа црква се наоѓаше во Рим, Париз или Лондон, секојдневно ќе беше меѓу најпосетуваните знаменитости, привлекувајќи илјадници туристи од сите страни на светот. Наместо тоа, ова извонредно архитектонско дело се наоѓа токму во Македонија и претставува вистински бисер што заслужува многу поголемо внимание, споделува Германецот Фин на социјалните мрежи.
Фин познат на социјалните мрежи како FinnMacedonia неодамна го посети Радовиш, каде што ја разгледа црквата „Света Троица“. Според него, станува збор за една од најубавите цркви во Македонија.
Во видеото што го сподели со своите следбеници, тој не го криеше воодушевувањето од нејзината архитектура, впечатливиот изглед и вниманието посветено на секој детал при изградбата. Неговите позитивни впечатоци уште еднаш покажуваат дека Македонија располага со духовни и културни богатства кои заслужуваат да бидат препознаени и надвор од нејзините граници.
Видео: Finnmacedonia.
