Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе има состанок со украинскиот колега Володимир Зеленски во Турција.
„Ројтерс“ пишува дека на состанокот ќе се разговара и за крај на војната меѓу Украина и Русија, која трае од 2022 година.
Важен американски службеник, кој решил да остане анонимен, кажал дека Трамп и Зеленски в среда ќе имаат состанок и ќе разговараат за тоа како може да заврши војната.
Трамп вчера разговараше и со рускиот претседател Владимир Путин.
