Фото: Принтскрин
Во светските медиуми кружат приказни за тоа кој би можел еден ден да го наследи рускиот претседател Владимир Путин.
Во политичките кругови со години се споменува кратка листа на луѓе кои би можеле да ја преземат власта, тврди полската експертка за Русија, Ана Лабушевска.
Лабушевска во разговор за полски „Факт“ вели дека Путин ќе остане главен во носењето на одлуки, но како негов наследник се споменува Алексеј Дјумин.
Поранешниот телохранител на Путин беше гувернер на Тулската област, а денес ја извршува функцијата на советник на претседателот во Кремљ.

