Фото: Илустрација - GladiatorVesti.mk
Еден пожарникар е повреден денеска при гаснењето на пожарот кој избувна во објект во скопската населба Кисела Вода.
Противпожарната бригада на Град Скопје со експресна реакција успеа да го стави под контрола и да го изгасне пожарот во објектот во близина на центарот на градот.
Според информациите од терен, еден пожарникар е повреден за време на интервенцијата за гаснење на пожарот и истиот е пренесен во Клиничкиот центар за да му се укаже медицинска помош.
