Фото: Принтскрин
Украина и понатаму го контролира градот Костјантиновка, соопшти и претседателот на земјата, Володимир Зеленски, по претходната објава на генералштабот.
Зеленски на социјалните мрежи објави дека руската војска не го преземала градот, иако се појавија такви информации.
„Секако, тоа не е вистина. Тоа е уште една руска лага, обид да се генерира некаква вест. Ако градот е под руска контрола, тогаш Путин не би имал проблем да се сретне таму со мене“, кажа Зеленски.
