Фото: Принтскрин
Калин Ивановски ќе игра во финалето на турнирот во Скопје, откако во полуфиналето го елиминираше Бугаринот Јанаки Милев со 2-1 во сетови (6-4, 2-6, 7-5).
Македонскиот тенисер го доби првиот сет благодарение на брејк во финишот, но Милев возврати во вториот и го израмни резултатот. Во одлучувачкиот сет Ивановски покажа цврсти нерви, успеа да спаси две меч-топки на свој сервис, а потоа со брејк во самиот финиш го реши натпреварот во своја корист.
За трофејот во Скопје, Ивановски ќе се сретне со победникот од полуфиналната пресметка меѓу Владислав Орлов и Стефан Поповиќ.
