Во загрепската населба Дубрава е откриена масовна гробница во која се наоѓаат посмртни останки на најмалку 29 лица. Локацијата е во подрачјето на Оповeчки лозја, а првичните сознанија укажуваат дека станува збор за повоени ликвидации.
Теренските истражувања ги спровела Управата за затворени и исчезнати лица при Министерството за хрватските бранители. При увидот било утврдено дека кај сите жртви постојат траги дека биле врзани со жица, што дополнително ги потврдува сомнежите за начинот на нивното извршување.
Антрополошката анализа покажува дека најверојатно се работи за мажи на возраст од околу 30 до 40 години, кои биле убиени со огнено оружје. Во следната фаза ќе се врши детална идентификација со цел да се утврдат точните околности на смртта и идентитетот на жртвите.
Во последната деценија, на поширокото подрачје на Загреб се регистрирани вкупно 17 масовни гробници со најмалку 525 жртви.
Веста ја пренесува Zagreb.info
