Четири лица го загубија животот во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во близина на Медулин, Хрватска. На социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии од местото на падот, а јавноста доби информации за авионот и околностите пред несреќата.
Официјално е потврдено дека сите четири патници во авионот загинале.
Според неофицијални извори, се работи за мал авион со германски регистарски таблички, кој полетал од Австрија и имал за цел да слета на спортскиот аеродром во Медулин.
Авионот е од типот „Бич Г36 Бонанза“, мал едномоторен клипен авион кој најчесто се користи за приватни, деловни или туристички летови. Може да прими до шест лица (пилот и пет патници), располага со мотор од околу 300 КС и крстаречка брзина од 320 км/ч.
Веста ја пренесува 24chasa.mk



