Силно торнадо погоди одредени делови на Рим, оставајќи зад себе срушени дрвја, оштетени возила и големи сообраќајни проблеми. Најтешко погодено беше подрачјето Прати Фискали, каде што е предизвикана значителна материјална штета, вклучувајќи и една бензинска пумпа. Метеоролозите објаснуваат дека торнадото се создало како резултат на суперќелијска бура – најопасниот вид на грмотевична непогода, позната по силните ротирачки воздушни струи.
Веста ја пренесува Novevesti_udarnevesti.
Видеото може да го погледнете тука!
