Фото: Принтскрин
Студентите од Албанија најавија протест за 26 мај од 17 часот на плоштадот „Скендербег“ во Тирана во знак на поддршка на студентите Албанци во Македонија.
Студентите Албанци во Македонија бараа нивниот правосуден испит да се полага на албански јазик, па поради тоа нивните колеги од Албанија ќе протестираат во Тирана, пишуваат дел од албанските медиуми.
Студентите Албанци во Скопје досега организираа два протести.
