Фото: Принтскрин
Русија подготвува пет можни сценарија за ширење на војната преку северот на Украина и планира мобилизација на дополнителни 100.000 војници, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски кажа дека украинскиот воен врв ги анализирал податоците за можните руски операции низ Украина.
„Украина сигурно ќе се брани, а наша задача е да се засили државата за да не успее ниту едно од петте руски сценарија за ширење на војната преку северот на Украина“, вели тој.
