Фото: ScreenShot
Во Скопје расте проблемот со возачи кои се двоумат дали да направат простор за возилата на Итна медицинска помош, поради страв од казни од системот „Сејф сити“.
Денеска на раскрсницата кај „Мавровка“ амбулантно возило со вклучена сирена останало заглавено меѓу автомобили. Системот, кој автоматски снима прекршоци, вклучувајќи и поминување на црвено, ги спречува возачите да излезат од својата лента или да го нарушат редот на сообраќајот, дури и кога станува збор за итна ситуација.
На видеото се гледа како сирената на возилото непрестано сигнализира, но возачите не се тргаат сè додека случаен минувач не реагира и не гестикулира, по што дел од автомобилите се преместуваат, овозможувајќи ѝ на Брзата помош да продолжи.
Овој случај отвора прашања дали системот за автоматско казнување понекогаш го спречува брзото делување во итни случаи и дали возачите навистина знаат како безбедно да реагираат без да ризикуваат казна, видеото го пренесува Скопје1.мк.
