Фото: Screen Shot
Израелските безбедносни сили интервенираа против група Палестинци кои се собраа пред ѕидините на Стариот град со намера да ја извршат терави молитвата.
Собирот следуваше како реакција на одлуката за затворање на џамијата Ал-Акса, што според израелските власти било поврзано со безбедносни причини и случувањата поврзани со Иран. Палестинците се собраа во близина на портата Сахира, изразувајќи незадоволство од ограничувањата.
Полицијата започна да ја оттурнува толпата кон Лавовата порта, која се наоѓа во непосредна близина на светилиштето. При интервенцијата биле употребени палки, шок-бомби и солзавец, со што ситуацијата дополнително ескалирала.
Во текот на настаните, според извештаите, биле нападнати и двајца новинари — еден Палестинец и еден странски државјанин, и покрај тоа што јасно се легитимирале како претставници на медиумите.
Дел од присутните биле оттурнати кон населбата Вади ал-Џоз, а едно лице било приведено од страна на полицијата.
