Фото: Федерацијата за пеливанско борење на Република Македонија
Во тешка сообраќајка незгода вчера починал поранешниот пеливан од Сарај, Рефет Пајазити, објави „Њуз24“.
„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот спортист, почитуваниот борач пеливан Рефет Пајазити. Во име на Федерацијата и целата спортска заедница, изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, пријатели“, објавија од федерацијата.
