Фото: Венко Крстевски
Поранешниот в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски објави дека избувнал пожар во угостителски објект во станбено-деловниот комплекс Трговски центар во Кочани.
„Денеска станарите од Трговски центар станбен блок А (96 станови) повторно имаа среќа што поминаа само со зачадени домови и огромен стрес поради настанување на пожар од угостителски објект.
Како и во неколку случаи низ минатото нашата среќа беше што пожарот не се прошири и што имаше брза интервенција на ТППЕ, сега имавме и дополнителна среќа што дистрибутер на роба го затечел пожарот во кујна, која се наоѓа во посебен објект (што е незаконски), додека во кујната немало никој од персоналот.
Ова е последен апел до кочанското обвинителство, до кого е поднесена кривична пријава уште на 10 јуни 2025 година од моја страна поради незаконски активности на угостителските кокошарници“, објави Крстевски.

