Фото: Принтскрин
Трошоците за живот во Македонија продолжуваат со раст, барем тоа го покажуваат податоците од синдикалната кошница. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) пресмета дека во февруари за основните трошоци на едно четиричлено семејство му биле потребни 67.382 денари, односно 969 денари повеќе отколку во јануари.
Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадрати, тогаш месечните трошоци дополнително се зголемуваат до 82.757 денари.
Најголем дел од синдикалната кошничка оди за храна и пијалаци, односно 25.156 денари, што значи дека ниту една минимална плата не може да ги покрие овие трошоци на едно семејство.
ССМ веќе некое време бара зголемување на минималецот на 600 евра, како и 100 евра на останатите плати.
