Фото: Mirna De Cesaris
Талентираниот фудбалер на италијанскиот тим Лацио, Џанфилипо Матераци доби повик од селекторот на кадетите на Србија, Игор Матиќ за пријателски натпревар против Словенија.
Матераци реши својата репрезентативна кариера да ја продолжи во Србија, односно земјата од каде што има корени неговата мајка Маура.
Таа е родена во Белград и во интервју за официјалниот сајт на Фудбалскиот сојуз на Србија раскажа дека сонот им се остварил и младиот Матераци ќе го носи дресот на „орлите“.
„Сите сме среќни. Јас сум родена во Белград, мојата мајка е од Србија, а татко ми е Италијанец. Многу сме поврзани со Србија, без разлика на тоа што мојата земја на раѓање е Југославија. Србија ја носам во срцето“, откри Маура.
Фото: Mirna De Cesaris
