Фото: Принтскрин
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека се исплатени средствата кон 9.567 овоштари.
„Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари. Исплатата се реализира по Мерката 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади.
Продолжуваме да ги поддржуваме вистинските земјоделци и да допринесуваме кон развојот на македонското земјоделство“, информираат од земјоделството.
