Фото: Принтскрин
Бранислав Миленковиќ го загуби животот по тримесечна борба во болница, откако на 21 ноември минатата година бил нападнат пред супермаркет во Белград, Србија.
Неговиот татко во потресна исповед за српски „Курир“ ги откри деталите од нападот, како и борбата на неговиот син за живот.
„Тоа беше денот на нашата слава, Аранѓеловден. Како што дознав, кога излегол од продавница осомничениот му дофрлил нешто и почнала вербална расправија. Бранислав сакал да заврши со тоа и си тргнал, по што добил удар од зад грб“, открива неговиот татко Ненад Миленковиќ.
„Бранислав ни беше единствено дете, се боревме да оздрави, тоа беше наша цел. Во еден момент имаше позитивни знаци, затоа што беше свесен, но преку ноќ му се влоши состојбата и го загуби животот“, раскажува таткото.
