Фото: Принтскрин
По 85 дена борба за живот, Бранислав Миленковиќ почина во болница, откако претходно на 21 ноември 2025 година бил претепан пред супермаркет во Србија.
На денот на семејната слава, Бранислав бил претепан во Врачар, Белград по што животот на семејството се претворил во кошмар кој траел речиси три месеци и завршил трагично.
„Ми се јави и ме праша дали го исековме колачот, а половина час подоцна ми се јави неговиот пријател и ми кажа дека Бранислав е во болница и се бори за живот“, раскажува неговиот татко Ненад.
Бранислав бил нападнат од зад грб, по што паднал од височина од метар ипол, а во критична состојба е пренесен во болница каде што докторите не успеале да му го спасат животот, иако долго се бореле за него.
