Фото: Принтскрин
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека ќе се откажат од набавката на нов воздухоплов.
„Ќе се повлечеме од набавката на нов воздухоплов и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и некои идни премиери е одвишок и е беспредметна“, кажа премиерот.
