Фото: Принтскрин
По доцнењето од неколку денови, конечно вработените во основните училишта ќе си ја добијат јануарската плата, објави „4News.mk“.
Ова значи дека околу 18.000 работници ги добиваат средствата на своите сметки за платата во јануари. „Платата во образование доцни.
Според извори блиски до СОНК, МОН благовремено ги доставил списоците до МФ, но од објективни причини во ова министерство се доцни. Но, како што не уверуваат од таму, денес ќе има плата?!“, објавија претходно од СОНК.
