Фото: ЧатГПТ
Судот во Бања Лука го отфрли договорот за признание на вината, со коа било пропишано обвинетиот полицаец Александар Вуковиќ од Бања Лука да биде осуден на година дена затвор затоа што прикрил сообраќајка во која неговиот колега Миодраг Савиќ загинал, а уште две лица биле повредени при полициска потера.
Договорот опфаќал и едногодишна забрана за управување со возило и одземање на возачката дозвола за истиот период.
Инцицентот се случил во 2024 година, во раните утрински часови во Бања Лука, а како што е наведено, полицаецот со службеното возило се движел со недозволена брзина и не запрел на црвено светло на семафор.
„Возел со брзина од 76,5 километри на час во населено место каде што ограничувањето било 50 км/ч. На возилото биле вклучени ротациони светла, а обвинетиот се обидувал да стигне друго возило“, стои во обвинението.
При поминува на раскрсница удрил во „Голф“, по што завршил во семафор, а неговиот сопатник Миодраг загинал.
Семејството на настраданиот бара отштета од 40.000 евра, како и да се покријат трошоците за изградба на споменикот.
Детали може да се прочитаат ТУКА.
