Фото: Принтскрин
Пратеникот Бране Петрушевски кажа дека во Македонија има ниски плати, односно смета дека примањата на граѓаните треба да се зголемат, но има свој коментар за барањата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).
Петрушевски признава дека не може да се живее достоинствено во Македонија со минималец, но вели дека така било и во претходните години, па кажа дека би прифатиле само решение кое ќе биде постигнато меѓу работниците и работодавците.
Да потсетиме, ССМ бара зголемување на минималецот на 600 евра и за дополнителни 100 евра на останатите плати.
