Фото: Принтскрин
Утрово пристигна загрижувачка вест од Србија, а станува збор за фрлена експлозивна направа врз куќата на Здравко Чолиќ на Дедиње.
Според првичните информации, нема повредени лица, но на објектот е предизвикана голема материјална штета.
Во домот за време на инцидентот биле пејачот, неговата сопруга и помладата ќерка Лара, објави српски „Телеграф“.
