Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од утре, 1 февруари, почнува системот „Безбеден град“ во Скопје, Куманово, Тетово, но и Коридорите 8 и 10.
Во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци:
• непрописно паркирање;
• управување со брзина поголема од пропишаната;
• минување на црвено светло;
• управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.
– Системот „Безбеден град“ е исклучително важна инвестиција во безбедноста на сите граѓани и целата држава, ќе спасува човечки животи, ќе го регулира сообраќајот, а ќе ги санкционира сите оние кои не сакаат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи на сопствена штета и штета на другите учесници со сообраќајот. Камерите се поставени на критичните сообраќајни точки каде често се случуваат сообраќајни прекршоци, велат од МВР.
