Фото: Планинарски Клуб Македон
Планинарскиот клуб Македон објави тажна вест дека по кратко боледување починал Даниел Деско.
„Почитувани по кратко боледување почина нашиот Даниел Деско.
Човекот кој беше дел од клубот уште од првите години на неговото формирање.
Деско беше човек кој ги сакаше и живееше планините, планинареше, трчаше, скијаше, леташе со параглајдери.
Креаторот на првото лого на
ТитовВрв скајрејс, човекот кој безброј пати волонтирал и помагал за секакви активности не само на Пк.Македон туку и целата задница.
Веруваме дека Деско се вивна во височините и дека и таму продолжува скромно и достинствено како тука меѓу нас.
Погребот ќе биде во сабота на гробиштата во Битола црква св. Петар и Павле од 12часот“, објави планинарски клуб Македон.
