Фото: Принтскрин
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов кажа дека следната недела ќе има блокади, а пратениците во Собранието ќе бидат првите кои ќе бидат блокирани.
„Наредната недела ќе одат со автобус или пешки, како што доаѓаат најголем дел од работниците. Ќе ги потсетиме дека таму се за нас и дека треба да гласаат. Тој ден нема да можат да наплатат патни трошоци“, кажа Трендафилов.
ССМ се бори за големување на минималецот на 600 евра, како и на останатите плати за дополнителни 100 евра.
