Фото: Принтскрин
Баладата „Фросина“ е посветена на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот откако млад возач ја прегази со автомобил во Скопје.
Песната е емотивен подарок од авторите Александар Митевски и Огнен Неделковски за семејството Кулакови и Фондацијата „Фросина Кулакова“.
Фросина е девојка која никогаш нема да биде заборавена, а стиховите во песната на Александар Митевски и Огнен Неделковски ќе ви го скршат срцето и ќе ве расплачат.
