На социјалните мрежи се појави видео од местото на тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во Романија, во која животот го загубија седум навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК.
На снимката се гледаат остатоци и лични предмети расфрлани околу превртеното комбе, што сведочат за размерите на трагедијата. Видеото е споделено од пријател на очевидец од местото на несреќата, кој упати и искрено сочувство до семејствата на загинатите.
„Ги споделувам фотографиите и видеата со најтопли изрази на сочувство до семејствата на жртвите“, стои во описот што ја придружува објавата.
Несреќата ја потресе спортската и пошироката јавност, а бројни навивачи, клубови и поединци преку социјалните мрежи изразуваат тага и поддршка за семејствата и блиските на настраданите.
Надлежните институции во Романија продолжуваат со истрагата за да се утврдат точните околности под кои дошло до трагичниот настан.
