Фото: Принтскрин
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и илјадници работници излегоа низ улиците во Скопје за да побараат зголемување на платите.
Синдикатите бараат минимална плата од 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра, затоа што трошоците за живот постојано се зголемуваат.
Дел од политичарите се обидоа да му дадат политички контекст на протестот, но граѓаните кои протестираа јасно кажаа што ги собрало на улица, а тоа не е политиката.
„Нас овде нè собра маката, нè собра неправдата и сиромаштијата, а не политиката. Нè собраа платите што не ни стигаат ни до десетти во месецот“, кажа Трпе Деаноски.
