Седум млади фанови на грчкиот фудбалски клуб PAOK го загубија животот во сообраќајна несреќа што се случи во вторник кај Темишвар, Романија.
Камионот со кој се судрија фановите се движел од спротивен правец на автопатот DN6, кој локалното население го нарекува „пат на смртта“. Според извештаите на романските медиуми, ова е најтешката сообраќајна несреќа во овој регион во последните две децении.
Возачот од Полска во шок по несреќата
Ден по трагедијата, се огласи возачот на камионот, Полјак со 34-годишно искуство во превозот.
„Возам камион веќе 34 години и никогаш не сум доживеал нешто вакво. Преку милион километри сум поминал и ова е првпат да се сретнам со вакво нешто“, изјави тој за романските медиуми, шокиран од смртта на седумте млади грчки фанови.
Очевидецот раскажува за моментот на судирот
Еден од очевидците на несреќата, кој се движел два возила зад комби превозот на фановите, објаснува дека возачот на комби-то маневрирал и чекал точен момент за престигнување, но ситуацијата се развила трагично.
