Фото: Принтскрин
Денеска од 17 часот почна протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната, но и останатите плати.
На масовниот протест низ улиците на главниот град се појавија голем број граѓани, кои побараа зголемување на платата затоа што постојано се зголемува притисокот врз нив и се намалува животниот стандард.
Поточно, две минимални плати во моментов не можат да ја покријат целосно синдикалната кошница, која расте од месец во месец.
Видеото може да се погледне ТУКА.
