Фото: Принтскрин
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски даде коментар на прашањата на новинарите за најавениот протест за минимална плата во Скопје на 28 јануари во 17 часот.
Мицкоски кажа дека секој има право да протестира, а исто така посочи дека минималецот ќе се зголеми во март, односно платите во април согласно законот.
„Минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во месец март, односно со платите во април за март, ние рековме секое решение кое што ќе го постигнат во бипартитен дијалог ќе го поддржиме“, посочи премиерот.
Според најавите, минималната плата треба да се зголеми за околу 1.500-2.000 денари, додека синдикатите бараат минималец од 600 евра и зголемување на останатите плати за 100 евра.
