Фото: Принтскрин
Познатата македонска пејачка Каролина Гочева реши да ја изведе песната „Крај“ на пијано во домашна атмосфера, а видео објави на нејзиниот профил на Инстаграм.
„Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот“, објави Каролина.
